Виена ќе ja добие првата улица во светот каде ќе може да се контролира температурата на воздухот

- Advertisement -

Климатските промени се еден од најголемите предизвици за човештвото. Тие имаат силно влијание на околината, на човечкото здравје и на економијата во целиот свет. Научниците со децении предупредуваат на негативните последици од неодговорното однесување на луѓето вез планетата Земја и живиот свет на неа. Првите последици веќе се видливи во градовите, каде што порастот на температурата значително ја менува локалната клима и доведува до создавање т.н. урбани топлински острови. Градот Виена го препозна тој проблем и се одлучи да спроведе пилот-проект во една од своите улици.

Виенски научници пресметале дека до крајот на столетието во квартот Нојбау годишно би можело да има 50 до 55 многу топли денови, што значи дека овој дел ќе биде еден од најтоплите во Виена. Децата, болните и старите луѓе, но и животните се посебно погодени од високите температури. За да се обидат да делуваат против урбаните топлински острови во квартот и да го олеснат животот на тамошното население, Градот Виена започнува со пилот-проект на улицата Циглергасе, која би требало да стане првата улица во светот со можност за контрола на температурата на воздухот.

- Advertisement -

Реконструкцијата на улицата, озеленувањето на површините, инсталацијата на систем за ладење и навлажнување на воздухот и поставувањето фонтани за вода за пиење треба да го зголеми квалитетот на животот таму.

„Килиматските промени се еден од најголемите предизвици за идните генерации. Немаме време за чекање и мора да дјествуваме сега. Негативните последици од порастот на температурите особено се забележливи во саиот центар на градот, како што е квартот Нојбау, каде што има многу малку зеленило“ велат локалните власти.

- Advertisement -

Тие се надеваат дека овој пилот-проект ќе заживее и во други квартови во Виена. Трошоците за адаптација на улицата по работата на водоводните цевки изнесуваат 2,4 милиони евра. 70% од трошоците ги покрива Градот Виена, а останатите 30% ќе ги финансира квартот Нојбау од сопствениот буџет.

Сподели!
- Advertisement -