Google им овозможи на европските градови да ја мерат загаденоста и емисијата на гасови

- Advertisement -

Алатката која Google ја понуди во САД за градовите да можат да ја мерат загаденоста и нивото на емисијата на гасови отсега е достапна и во Европа. Алатката комбинира податоци за транспортот и изградбата од Google Maps со јавно достапни информации за емисијата на гасови. Таа за почеток ќе биде јавно достапна во бирмингем, Манчестер, Волверхемптон, Ковентри, Даблин и во Копенхаген, а во план е ширење во други градови и континенти во наредните седмици.Секој град може да се пријави преку онлајн формулар.
Алатката се вика Environmental Insights Explorer (EIE) и нуди податоци во четири категории: емисија од изградба, емисија од транспорт, генерална емисија и соларен потенцијал. Целата на алатката е да им помогне на градовите да видат кои промени се потребни за да се намали емисијата. Меѓу можните решенија може да бидат изградба на велосипедски патеки или поставување соларни панели на зградите.

- Advertisement -