Германија е најголем производител на чоколадо во Европа

- Advertisement -

Околу 4 милиони тони чоколади во вредност од 18,3 милијарди евра се произведени во европските држави во 2017 година, соопшти „Евростат“, одделот за статистика на Европската Унија.

Гледано по земји членки, најмногу чоколади произвела Германија, дури 1,3 милиони тони. Тоа е 32 отсто од вкупното производство на чоколадо во ЕУ.

- Advertisement -

На второ место е Италија со производство од 0,7 милиони тони или 18 отсто од вкупното производство на чоколадо во Унијата. Следуваат  Франција и Холандија со 0,4 милиони тони или девет проценти од вкупното производство.

Потоа доаѓа Велика Британија со 0,3 отсто милиони тони или седум проценти од вкупното производство и Белгија шест проценти учество.

- Advertisement -

Полска со производство од 0,2 милиони тони има шест проценти учество во вкупното производство на чоколадо, по што следи Шпанија со 0,1 милион тони и четири проценти во вкупното производство.

Овие осум земји од ЕУ произвеле над 90 отсто од вкупното производство на чоколадо во ЕУ во 2017 година.

- Advertisement -

(Instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -