Мајчиното млеко повеќе не е само за бебиња туку и суплемент за возрасни

- Advertisement -

Глобалниот хемиски гигант DowDuPont Inc. и компанијата BASF SE инвестираат милиони во производство на шеќер кој природно се наоѓа во мајчиното млеко. Производителите на детска формула замена за млеко Nestle SA секогаш имаат огромна потреба од оваа синтетичка состојка. Сега компаниите најдоа друг потенцијален корисник – возрасните. Од DuPont проценуваат дека годишниот пазар за вакви производи може да достигне 1 милијарда долари.

Олигосахаридите од човечкото млеко се третата најчеста состојка во мајчиното млеко, после лактозата и маснотиите. Тие не подлежат на дигестија, па можат да стигнат до дебелото црево, каде што ги хранат бактериите. Ова можеби е причината зошто бебињата кои цицаат мајчино млеко подобро напредуваат од тие кои пијат бебешка формула.

- Advertisement -

Аbbott Laboratories во 2016 годиа беше првата компанија која додаде олигосахариди во бебешката формула од својот бренд Similac brand. Кај бебињата тие го зајакнуваат имунолошкиот систем, помагаат во борбата против инфекции и воспаленија додека истовремено помагаат во развојот на мозокот. Новите истражувања покажуваат дека тие бенефити може да важат за луѓе од сите возрасти.

Синтетичките олигосахариди се создадени поради потребата да се произведе замена за мајчиното млеко која треба да е поблиска до вистинското млеко. Некои поединци од научната заедница уште гледаат со скептицизам на користа од овие шеќери.

- Advertisement -

Овие состојки од мајчиното млеко можат да се користат за третирање на болести кај возрасните како што е синдром на иритабилно црево, алергии, па дури и стареење на мозокот. Комерцијалното производство вообичаено се прави со процес на ферментација во џиновски котли полни со генетски модифицирани бактерии кои произведуваат некои варијанти на олигосахариди како што е 2’FL.

DuPont планира да потроши 40 милиони долари на сопствено производство на олигосахариди од човечко млеко годинава и тоа ќе биде втората најголема капитална инвестиција по проширувањето на фабриката која произведува Tyvek. Истовремено, склучи партнерство со Lonza Group AG за да направи доволно производ за да ја задоволи моменталната побарувачка.

Сподели!
- Advertisement -