- Advertisement -
Во Градскиот парк Скопје ќе биде поставена склултура на Андреј Митевски, која е замислена естетски да претставува риба, но да служи и за собирање отпад.
Рибата е изработена од рециклирано железо и има функција да биде канта за отпадоци или контејнер со кафезна конструкција во која отпадот од пластика може да се собира од повеќе места.
- Advertisement -
- Advertisement -
Замислен е и дизајниран да можат и децата да го стават отпадот во овој контејнер. Целта на оваа скулптура е да ги стимулира граѓаните да го остават отпадот на соодветни места и да внимаваат на чувањето на животната средина.
Скулптурата ќе се постави до езерцето во Градски парк Скопје, кај кајакарскиот сојуз.
- Advertisement -
Проектот е финансиски поддржан од ФООМ.
(Извор – РадиоМОФ)
- Advertisement -