Ова е деталната листа на највлијателни луѓе во светот за 2019 година според Time

- Advertisement -

Магазинот TIME ја објави својата годишна листа со 100 највлијателни луѓе во светот за 2019 година, на која се најдоа селебрити личности и спортисти како Ариана Гранде, Леброн Џејмс, Тајгер Вудс, Спајк Ли и многу други. Листата е поделена на пет категории: Пионери, Уметници, Лидери, Икони и Титани, при што секој инфлуенсер бил интервјуиран од други лидери од својата категорија затоа што секоја година почесните личности добиваат краток текст посветен на нив, а напишан од друга позната личност.

Освен кошаркарот Леброн Џејмс и легендата на голфот, Тајгер Вудс, други познати спортисти на листата се јапонско-американската тениска сензација Наоми Осака и египетската фудбалска ѕвезда Мохамед Салах. Минатата година Осака стана првата азиска спортистка која се најде на број 1 на листата на WTA, а неодамна потпиша договор со Nike. Салах се смета за еден од надобрите фудбалери во светот и претставува сила самиот по себе. Се има појавено во кампањи за големи брендови како Pepsi и Аdidas.
Во годинашната листа се вклучени и познати имиња од модната индустрија. Клер Вејт Келер од француската козметичка и модна куќа Givenchy, која откако се приклучи во компанијата во 2017 година ја освежи модерната естетика на брендот и лансираше производи како авангардните патики „вилици“.  Креативниот директор на италијанскиот бренд Valentino, Пјерпаоло Пичиоли, е дел од иновативниот проект Moncler Genius.
На листата со пионери на прво место е актерката Сандра Оу, а веднаш по неа е американската актерка и модел Индија Мур. На листата со уметници на прво место е актерот Двејн Џонсон, попознат на публиката како „Карпата“ или The Rock. На второ место е американската актерка и режисер Реџина Кинг, а на трето место е американскито пејач Калид.
На листата со икони на прво место е пејачката Тејлор Свифт, следена од поранешната прва дама на САД, Мишел Обама и американскиот продуцент, писател и актер Спајк Ли. Листата со титани ја предводи фудбалерот Мохамед Салах. На второ место е кошаркарот Леброн Џејмс и на трето место е Џенифер Хајман, извршен директор и соосновач на компанијата Rent the Runway.
Во последната, петта категорија, лидери, на прво место е американската политичарка Ненси Пелоси. На второ место се најде претседателот на САД, Доналд Трамп, а на третата позиција е е шведаката тинејџерка, која го одушеви светот со своето залагање за борба против клиамтските промени, Грета Тунберг.
Сподели!
- Advertisement -