Факелите за Олимписките игри во Токио ќе бидат направени од рециклиран метал од земјотресот во Фукушима

- Advertisement -

Факелите за Олимписките игри во Токио во 2020 година ќе бидат направени од рециклиран метал од земјотресот во Фукушима. После разорниот земјотрес во 2011 година, беа направени алуминиумски привремени засолништа за погодените од временската непогода. Токму тој метал сакаат да го реупотребат организаторите на Олимписките игри.

Јапонија сака игрите во 2020 година да бидат запаметени како Олимписки игри на реконструкција и да покажат дека земјата закрепнала од бројните природни катастрофи кои ја погодија изминатите години. Но, „зелениот“ аспект на овие Олимписки игри не завршува со факелите.

- Advertisement -

Повеќе од 5.000 медали за натпреварувачите ќе бидат направени од рециклирана електроника од мобилните телефони. Бронзените медали веќе се готови, а направени се и половина од златните и сребрените медали. Понатаму, организаторите сакаат енергијата за Олимписките игри да биде целосно од обновливи извори. За стадионите ќе се користи енергија од ветрот и соларна енергија, како и за Атлетското село.

99% од продуктите кои ќе се користат за игрите исто така ќе бидат рециклирани или реупотребливи, а планираат да ја изнајмуваат спортската опрема наместо да ја купуваат.

- Advertisement -

Tokyo’s Olympic torches will be made from recycled metal from the Fukushima earthquake

Recycling, remaking, rewarding. 🔎 Learn more about the 2020 Tokyo Olympics: https://wef.ch/2MB1Dkf

Posted by World Economic Forum on Четврток, 18 април 2019

Сподели!
- Advertisement -