Oтворени пријавите за петтиот националниот натпревар за зелени идеи

- Advertisement -

Здружението за социјални иновации „АРНО“ по петти пат го организира националниот натпревар за зелени идеи и ги охрабрува граѓаните да аплицираат со бизнис идеи кои се иновативни, поттикнувааат развој на екологијата, промовираат традиционална изработка на производи и  користат ресурси од локалната заедница. Натпреварот е отворен до 2 јуни, пријавите за натпреварот и сите информации се достапни на новата веб-страница: https://zeleniidei.mk/.

Утре на пладне, четврток, 18 април, во просториите на Јавна соба во Скопје, ќе се одржи промотивен настан на којшто можат да присуствуваат сите заинтересирани апликанти. Настанот ќе може да се следи и директно преку ФБ страницата на АРНО .

- Advertisement -

„Со цел да ги поддржиме сите заинтересирани потенцијални апликанти , годинава, за прв пат, во соработка со Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА2000, ќе организираме 4 еднодневни работилници на коишто подетално ќе го  објасниме начинот на пополнување на формуларите, а особено ќе се задржиме на делот на изработка на финансиските проекции/бизнис план. Предвидено е да се одржат 2 работилници во Скопје, една во Битола (во соработка со Слоу Фуд, Битола) и една во Кочани (во соработка со локалната канцеларија на Програмата за зачувување на природата во Македонија 2).

Новина оваа година е формуларот за финансии, и сакаме да се фокусираме на градење на капацитетите за финансиско проектирање затоа што и на регионално ниво се заклучи дека регионот мора да гради поголема претприемничка култура и знаење. Паралелно работиме и на градење на свеста за зелената економија, и што е еколошки прифатливо, а што не, кога се размислува за бизнис“ изјави Ирина Јаневска од АРНО.

- Advertisement -

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува  развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во земјите од Западен Балкан: во нашата земја и во Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, а од оваа година и во Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници коишто ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 долари за реализација на идејата во својата земја.

Досега, во нашата земја се инвестирани 40 000 долари во 4 македонски победници на регионалните натпревари: Кооперативата на органски потрошувачи „Наша добра земја“, фирмата за репарирање и реупотреба на стар мебел „СПИН“, Еко-магионичарот Кристиан Шопов и стартапот „Храна за сите“.

Сподели!
- Advertisement -