Преку мобилна апликација малите и средни фирми oд Македонија можат да се вмрежат со европски партнери

- Advertisement -

Малите и средните фирми од Северна Македонија најмногу извезуваат свои производи и услуги во регионов, информираат од Европската мрежа на бизнис можности (ЕЕН- Македонија).

Од нашите податоци со кои располагаме, можеме да забележиме дека најголема соработка компаниите од земјава имаат со фирмите од регионов, но и со Германија, изјави професорот Виктор Стојмановски од ЕЕН – Македонија.

- Advertisement -

Во Стопанската Комора на Македонија беше презентирана мобилната апликација „Ино Биз“. Оваа мобилна апликација е алатка преку која малите и средните претпријатија од земјава можат многу полесно да дојдат до информации од базата на ЕЕН со помош на кои можат многу полесно да се вмрежат со компании од европскиот и светскиот пазар.

Целта на оваа алатка е зголемување на трансферот на технологии кај малите и средните претпријатија и да се зголемат научно истражувачките проекти. Компаниите преку оваа алатка можат многу полесно, но и побрзо да дојдат до странски партнери, да се запознаат и со најновите информации кои ги имат или нудат светските компании, да аплицираат за грантови…

- Advertisement -

Мобилната апликација во моментов ја користат над 300 фирми од Македонија. Најголем број од нив се од областа информатика и технологија.

Сподели!
- Advertisement -