Компанијата Ceramic Pro, која е глобален лидер на полето на нанокерамичка технологија за прелевање на површини за автомобилската, поморската, авиоиндустријата и друга индустриска примена, направи нешто навистина револуционерно.
Станува збор за прототип на нивната дигитализирана обвивка од винил Digitalized Protein Film & Wrap, која ќе биде достапна од 2023 година. Обивката се лепи на шасијата на автомобилот и потоа следува најневеројатниот дел – можете да ја контролирате со помош на клучевите за автомобилот.
Што значи тоа? Како што можете да видите од видеото подолу, на кое е прикажан автомобил автомобил од марката Lamborghini, со клучот можете да ја контролирате бојата на автомобилот. Ако денес сакате да се возите во црвен автомобил, само ја избирате црвената боја. Ако, пак, утре сакате жолт автомобил, и таа желба ќе ви биде исполнета.
Љубителите на автомобили дефинитивно ги очекува возбудлива иднина за неколку години отсега.
Digital Vinyl Wrap Controlled By Car Keys
This digital car paint is 🔥🔥
Posted by UNILAD Tech on Петок, 12 април 2019