Etihad Airways по прв пат леташе без употреба на пластика за еднократна употреба

- Advertisement -

Националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати, Etihad Airways, соопшти дека е прва компанија од регионот која го остварила првиот лет без употреба на пластика за еднократна употреба, а со цел да ја подигне свеста на луѓето за ефектите на загадувањето со пластика.

Летот EY484 слета во Бризбејн, Австралија, на 22 април, која се одбележуваше Денот на планетата Земја. Etihad Airways идентификуваше повеќе од 95 пластични производи за еднократна употреба кои се користат во кабините на нивните авиони, а откако пластиката била отстранета од авионот на Денот на планетата Земја, таа авиокомпанија спречи фрлање на повеќе од 50 кг пластика.

- Advertisement -

Од компанијата наведуваат дека постои обврска за намалување на употребата на пластика за еднократна употреба за 80%, не само на летовите, туку и в целата организација до крајот на 2022 година. „Гостите на летот уживаа во заменски производи, вклучувајќи комплети со неопходни работи за летот како еколошки ќебиња направени од рециклирани пластични шишиња, паста за заби во вид на таблета и чаши за кафе кои може да се јадат, додека децата добија еколошки плишани играчки“ изјавија од Etihad Airways.

Оваа авиокомпанија се обврза од своите летови до 1 јуни годинава да укине до 20% од пластичните предмети за еднократна употреба, а до крајот на годината 100 тони пластика.

Сподели!
- Advertisement -