Најсреќни се жителите на Јужна Америка и најмалку среќни се луѓето од африкански и земји од Блискиот Исток, покажаа резултатите од истражувањето на „Галуп“, спроведено во 143 земји со вклучени 150.000 луѓе.
„Галуп“ преку испитаниците ги проценуваше нивните впечатоци и чувства за тоа колку се ценети од другите, колку често се смеат и се чувствуваат радосни.
Исто така, социолозите беа заинтересирани за нивните негативни искуства и емоции.
Резултатите од истражувањето во светот од 2018 година, индексот на позитивни искуства се зголемил од 69 на 71 поени, со најсреќните и најзадоволни жители на земјите од Јужна Америка.
Првото место го делат Парагвај и Панама, трета е Гватемала, по што следуваат Мексико и Салвадор.
Најголем број држави со висок индекс на негативни искуства, пак, се од Африка и од Блискиот Исток, водат Чад и Нигер.