Се развива супер уред кој во исто време е и таблет и лаптоп

- Advertisement -

Компанијата Nvidia навести дека работи на 2 во 1 хибриден уред кој ќе може да се користи и како таблет и како лаптоп. Уредот ќе содржи нов софтвер кој овозможува префрлање меѓу три интерфејси вклучувајќи декстоп и таблет, а третиот е мистериозно наречен dynamic. Тој начин на работа содржи опција за стартување десктоп мод во случај на приклучена тастатура.

Наводно, Nvidia работи на софтверот за новиот уред наречен Mystique. Овој уред ќе може да се користи како таблет по спојување на тастатурата, нешто слично како кај минатогодишниот Google Pixel Slate. Последниот таблет на Nvidiа беше Shield K1, кој на пзарот се појави во 2015 година. Редизајнираниот Shield Portable планиран за 2016 година беше откажан.

- Advertisement -

Кодот кој се наоѓа во софтверот Shield Experience е истиот кој се користи во таблетите и сет топ боксовите на компанијата. Софтверот за префрлање од интерфејс на интерфејс прв пат се појави во Nvidia Shield Experience во декември 2018 година.

Гласините за новиот хибриден уред се интересни, но може да бидат застарени. Меѓутоа, ако се точни, тогаш таблетот може да има 13,5 инчен екран со резолуција 3.000х2.000 пиксели. Таблетот ќе го содржи е многу за таблет, но има логика за уред 2 во 1.

- Advertisement -

Наводно новиот таблет ќе го користи новиот модел на чип, а тоа е Tegra X2, меѓутоа изгледа дека таблетот ќе го има чипот Tegra Xavier, кој е наменет за автономни возила и компјутери со вештачка интелигецмнција.

Сподели!
- Advertisement -