Ford инвестира 500 милиони долари во производителот на електрични возила Rivian

- Advertisement -

Американскиот автогигант својата нова генерација на електрични возила ќе ја базира на механичката платформа развиена од Rivian, објавија на заедничка прес конференција двата партнери. Ford објави дека новите електрични возила ќе се развиваат паралелно со веќе најавените постоечки проекти за електрични модели, како што е електричниот кросовер инспириран од Mustang и електричниот пик-ап F-150.

Потврдено е дека својата платформата Rivian ќе ја изработува во сопствената фабрика во Илиноис, но Ford ќе управува со производството. За сега, не е познато каде ќе се склопува конечниот производ односно електричните модели на Ford со Rivian основа. Rivian паралелно ќе продолжи да прави и сопствени електрични возила кои нема да бидат конкуренција на електричните автомобили на Ford.

- Advertisement -

Претставникот на Rivian изјави дека пред Ford се преговарало со некои други големи компании за автомобили (на пример General Motors), но сега тие се фокусираат исклучиво на соработка со Ford. Сепак, тие не ja исклучуваат можноста дека и во иднина ќе разговараат и со други производители на автомобили за заеднички проекти.

Едно е факт. Ретко кој производител на електрични возила успеал да го оттргне вниманието од Tesla како Rivian за толку кратко време.

- Advertisement -

На крајот од ноември 2018 година, на салонот за автомобили во Лос Анџелес, компанијата ги претстави своите SUV и пикап проекти на електрични возила. До тој момент компанијата беше сосема непознат играч во автомобилската индустрија, а стана некој за кој преку ноќ сите разговараат.

Од недела во недела, Rivian не се тргна од насловните страни, а за тоа колку е сериозен проектот доказ дојде во фебруари кога беа обезбедени 700 милиони долари во инвестиции од Amazon, за сега во приказната да се вклучи и Ford.

Сподели!
- Advertisement -