Вашингтон е првата држава која дозволи компостирање на луѓе

- Advertisement -

Вашингтон и официјално е првата држава која ќе нуди компостирање на луѓе како замена за кремирање или закопување. Државата предложи закон со кој се легализира компостирањето на посмртните остатоци. Новата иницијатива има за цел да се намали отпадот и емисијата на јаглерод диоксидот при традиционалното закопување на мртвите луѓе.

Погребалните компании во САД имаат неколку опции. Традиционалното закопување вклучува употреба на метал или дрво, кои испуштаат штетни хемикалии во почвата. Тука е и кремирањето, при што се испушта јаглерод диоксид во воздухот и не е енергетски ефикасно. Моментално предлог-законот го разгледува гувернерот на државата и се очекува негово потпишување.

- Advertisement -

Ако се оди според планот, новиот закон ќе стапи на сила на 1 мај 2020 година. Колку и да ни звучи бизарно и морничаво, компостирањето човечки остатоци би било одржлива алтернатива за традиционалното закопување во градовите во САД каде што и нема доволно гробни места. Таму луѓето веќе долго време практикуваат компостирање на човечки останки, односно природна органска редукција.

Неколку држави во САД дозволуваат и употреба на вода за побрзо распаѓање на остатоците. Некои бизниси почнуваат да нудат и поеколошки ковчези, од кои најголем дел се направени од бамбус. Фармерите, на пример, со години наназад компостираат остатоци од мртви животни.

- Advertisement -

Recompose е компанија за компостирање човечки остатоци со седиште во Вашингтон која нуди резултати за еден месец. Кога телото ќе се претвори во почва, семејствата на починатите можат да ги искористат остатоците од починатиот како сакаат.

Сподели!
- Advertisement -