Роботското летало на НАСА, InSight, го забележа првиот потрес на планетата Марс, што е прв пат да се забележи сеизмолошко поместување на друга планета. Тоа се случило пет месеци откако првото вселенско летало специјализирано за проучување на подлабокиот дел од вселената InSight слеа на површината на Марс за да почне долгогодишната сеиозмолошка мисија на Црвената планета.
Благото треперење, за кој научниците на НАСА велат дека најверојатно е потрес, имал магнитува 2,5 и бил забележат на 6 април годинава. Научниците уште ги анализираат податоците за тоа, како и за уште три послаби сеизмички сигнали забележани на 6 април.
„Високата фреквенција и широкиот појас наликуваат на земјините потреси. Затоа сме убедени дека тоа е ’марсотрес‘“ велат експертите задолжени за овој експеримент. Францускиот сеизмометар беше поставен на површината на Марс во декември минатата година, неколку недели по следувањето на вселенското летало InSight.