ВИДЕО: Целосно автономен робот-земјоделец е иднината на земјоделството

- Advertisement -

Запознајте го Swagbot, земјоделецот од иднината. Swagbot е целосно автоматизиран робот создаден за земјоделска работа, а креиран од компанијата Agerris. Овој робот е автоматизирана верзија на првиот робот кој беше претставен во 2016 година, кој се контролираше со далечински управувач.

Swagbot може да идентификува плевел и да го искорне, додека истовремено врши мониторинг на пасиштата и на нивите. Наскоро од Agerris планираат да му ја додадат опцијата пасење и собирање добиток.  Роботот е специјално наменет за вршење земјоделска работа од поголеми размери.

- Advertisement -

За помалите фарми Agerris го има Digital Farmhand, кој може да ги автоматизира обврските од типот на прскање пестициди и проценка на приносите. Најдобро може да функционира кај работа по редови, како што е кастрење овошки во овоштарник.

Од Agerris  сакаат да го направат роботот достапен за земјите во развој, а првите роботи планираат да ги пуштат на пазарот за една година. Најпрвин ќе почнат да ги продаваат во родната Австралија, а потоа и на глобално ниво.

- Advertisement -

Autonomous farm robot to hit the farmers market in 2020

Robot can autonomously remove weeds and will soon have the ability to herd cattle as well.

Posted by Startup Selfie on Сабота, 27 април 2019

Сподели!
- Advertisement -