Германски научници создадоа 3Д печатени провидни органи кои може да се пресадуваат кај луѓе

- Advertisement -

Истражувачи од Германија создадоа транспарентни човечки органи со помош на технологија која може да го трасира патот до печатење тридимензионални делови од телото како што се бубрези за трансплантација. Научниците предводени од Али Ертук на Универзитетот Лудвиг Максимилијанс развија техника која користи посебен раствор за да направи органи како што се мозокот и бубрезите.

Органите потоа се скенираат со ласери во микроскоп кој овозможува да се долови целата структура, вклучувајќи ги крвните садови и секоја клетка на специфична локација. Со таа снимка потоа се печати школката на органот, па се полни 3Д печатачот со клетки кои се користат наместо мастило и се инјектираат на точната позиција за органот да може да биде функционален.

- Advertisement -

Иако 3Д печатењето главно се користи за да се прават резервни делови за индустријата, Ертурк вели дека овој нивни производ е чекор напред кон поголема примена на 3Д печатењето во медицината. Се досега 3Д печатените органи немаа детална клеточна структура и се базираа на фотографии од компјутерска томографија или MRI машини.

- Advertisement -

„Можеме да ја видиме секоја клетка во органите, а потоа прецизно да се реплицираат со помош на технологија за 3Д биопечатење и да направиме функционален орган. Верувам дека сме многу блиску до печатење на вистински човечки органи“ додава тој.

Тимот на Ертурк планира да почне со биопечатен панкреас во текот на наредните 2-3 години, со надеж дека за 5-6 години ќе можат да испечатат бубрег. Истражувачите најпрвин ќе тестираат дали животни можат да преживеат со биопечатените органи и за 5-10 години ќе почнат клинички тестирања.

Сподели!
- Advertisement -