Научници пронајдоа противотров за најотровното суштество на светот

- Advertisement -

Австралиски научници веруваат дека пронашле противотров за убодот на најотровното суштество на светот, морската оса или медузата која се страв и трепет за луѓето кои се бањаат во Индискиот и во Тихиот Океан. Научници од Сиднејскиот универзитет се обидувале да го сфатат начинот на фунцкионирање на отровот на австралиската морска оса (Chironex fleckeri), кој може да убие до 60 луѓе и да предизвика ужасни болки.

Само еден убод на морската оса предизвикува неподнослива болка и некроза на кожата, а ако количината отрoв е доволно голема, може да спредизвика и срцев удар и смрт. Тимот научници откри дека на тој отров му е потребен холестерол за да ги убие човечките клетки. Затоа, одлучиле да ги тестираат постојните лекови за холестерол и да видат дали тие ќе им го блокираат отровот.

- Advertisement -

Се покажало дека еден од тие лекови успешно го блокирал отровот. Тестовите биле спроведени на глувци и на човечки клетки и било откриено дека лекот ја спречува некрозата на кожата и болката ако се примени во рок од 15 минути.

„Уште не знаеме дали ќе може да ги спречи и проблемите со работата на срцето. Треба да продолжиме со истражување и да бараме средства за тоа“, велат научниците.

- Advertisement -

Морската оса може да биде долга до три метри. Екстремно е опасна затоа што може да плива, а не само да плови носена од струјата. Научниците се надеваат дека ќе можат да направат крема или спреј со кој би се неутрализирале убодите од кои, според проценките, секоја година умираат десетици луѓе, додека илјадници завршуваат во болница.

Сподели!
- Advertisement -