Повратот на ДДВ ќе се прави преку посебна апликација

- Advertisement -

Електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните е подготвен и во мај и јуни ќе се тестира. Ќе се реализира едноставно со сликање на фискалната сметка и прикачување на посебна апликација.

„Повратот на ДДВ има две важни цели. Првата е да ја отстраниме даночната евазија која официјално е 30 проценти на ДДВ. Граѓаните го плаќаат секаде, но некој тоа не го уплаќа во државната каса. Каде и да мрднете има ДДВ. Целта е граѓаните да бидат инспектори. Тоа значи секој граѓанин да си побара фискална сметка, заради тоа што 15 проценти од ДДВ-то изразено во фискалната сметка ќе им се врати назад. Ако сметката е 1.000 денари, 180 денари е ДДВ и од тие 180 денари 15 отсто се враќа. Од сите сметки меѓу 20 и 30 илјади денари ќе враќа семејство. Интересот ќе биде голем, бидејќи си враќаат пари. Тие нема да земаат од никој што нема да им даде фискална сметка, тие ќе ја завршат улогата на државата, а државата ќе им врати пари“, рече премиерот.

Во мај и јуни ќе почне со тест и објаснување, а повратот на ДДВ на граѓаните стартува од 1 јули.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -