Минољ Чутра: Дигиталната продажба на пици во САД од Македонија наскоро ќе ја прошириме на нови пазари!

- Advertisement -

Slice е сервис кој им овозможува на потрошувачите во САД да пронајдат пицерија во нивна близина и да порачаат онлајн. Пицериите потоа сами ја испорачуваат храната. Целта е локалните пицерии да се доближат до локалните потрошувачи. Осмислена од Илир Села, кој по потекло е од Дебар, сервисот денес вработува 500 луѓе во Македонија и САД, а амбицијата е да се прошири глобално. За идните планови на Slice разговаравме со Минољ Чутра, менаџер за човечки ресурси во Slice

 

Вашата бизнис идеја направи револуција во функционирањето и работата на малите локални пицерии наспроти големите ланци на пица ресторани низ цела Америка. За колкав пазар точно станува збор и кој дел од вашата улога на малите пицерии им дава предност?

- Advertisement -

Slice е компанија со единствена услуга на пазарот, за луѓе кои ги ценат исклучителните вредности, самиот занает и за оние кои се во постојано пребарување на вистински ресторани. Од самиот почеток на нашето постоење, мисијата била многу јасна, да ги споиме локалните пицерии со потрошувачите кои се во потрага по квалитетна пица од локален ресторан. Пазарот на храна во САД изнесува околу 72 милијарди долари годишно од кои 45 милијарди ги има пица сегментот. Илир Села сфати дека технологијата и дигиталниот маркетинг ги спречува локалните пицерии да добиваат поголем дел во оваа парче на колачот на пазарот и затоа го создаде Slice.

Досега 11.000 пицерии работат со вас, што донесе тоа за нив и дали вашата услуга ги смени правилата во оваа индустрија?

- Advertisement -

Маргините на добивка во пица индустријата се многу пониски во споредба со другите видови индустрии на храна. За да локалните пицерии ја добијат битката со големите ланци пицерии и другите видови индустрии, треба да изнајдат начин за да бидат во тек со времето во делот на технологијата и дигиталниот маркетинг, а притоа без да инвестираат многу средства. Токму тоа им го овозможува Slice нудејќи им најсовремената технологија и дигитален маркетинг по најниски цени во пазарот.

Дали истиот модел на работа може да се примени и во друга област, освен пицериите?

- Advertisement -

Секако дека може. Но, Slice е вертикално насочена во пица индустријата и моментално нема намера да плива во други сектори и индустрии. Оваа индустрија заработува 45 милијарди долари годишно само во САД и 134 милијарди низ целиот свет. Моментално имаме 11.000 партнери но, само во САД постојат уште 39.000 пицерии кои се уште не станале дел од големата фамилија на Slice.

Дали е возможно истата бизнис идеја да ја пренесете тука како услуга за македонскиот пазар или евентуално да ја адаптирате на спецификите на овој пазар?

Иако во моментот нашите услуги можат да ги користат само граѓаните на САД, во блиска иднина Slice ќе се прошири глобално. Јас се надевам дека денот кога овие услуги ќе ни бидат достапни и на нас, е блиску.

Што беше причината за базата на вашата оперативност да ја лоцирате токму во Македонија?

Една од главните причини што Slice се одлучи за оперативната бази да биде лоцирана токму во Македонија е Илир Села, основач и извршен директор на Slice. Села има голема доверба во младината на Македонија и нивната огромна желба за школување и надградување. Неговото потекло е од Дебар затоа и го познава многу добро капацитетот што го поседуваат младите луѓе во оваа држава.

Имате потпишано меморандуми за соработка со три македонски универзитети, што точно опфаќа оваа соработка и која е целта?

Во денешно време, кога се сè одвива многу брзо и динамично, Slice се прилагодува на овој начин на брзо живеење и создава таква средина каде што идните таленти ќе можат непречено да се развиваат и надградуваат. Имајќи предвид дека моментално во Slice има 63 различни профили, и нашите аспирации и тенденции се насочени кон глобалниот пазар, веруваме дека оние што имаат потенцијал да го овозможуваат овој раст се точно младите и затоа одлучивме да создадеме соработка за да бидеме што поблиску до нив и на тој начин заедно да придонесеме за исполнување на заедничките амбиции.

Колку тимот на Слајс ќе расте во Македонија и што може да им понуди на идните вработувања?

Денес, Slice брои 500 членови во неговата голема глобална фамилија. Ни требаа скоро 10 години да стигнеме до овие бројки но, до крајот на 2020 година тој број ќе се дублира и нашата фамилија ќе брои 1.000 членови.

Пет канцеларии, покрај Њујорк и Белфаст уште три во Македонија, Дебар, Охрид и Скопје, кои и се плановите и какви се проекциите за во иднина?

Човечките ресурси се нашата главната инвестиција. Slice нуди услуги коишто ќе беа невозможни без човечките ресурси. Имајќи го ова предвид, без и најмалку сомнеж велиме дека Slice секогаш ќе биде таму кај што ќе се наоѓа талентот.

Сподели!
- Advertisement -