Flyte се антибактериски чорапи направени од бамбус

- Advertisement -

Големата корисничка база која ја акумулираа чорапите Flyte Socks овозможи од овие чорапи да се лансира кампања на Kickstarter, која има за цел да се финансира изработката на  одржливи чорапи. Партнерите Ханг Џин и Џефри Трин од Торонто сакаат да произведуваат квалитетни чорапи направени од одржливи материјали со цел можат да донираат пари за каузи кои им се блиски.

- Advertisement -

Тие имаа инстант поддршка за првата рунда чорапи Flyte Socks, па кампањата собра 850% повеќе од зададената крајна цел и успеаја да испорачаат дури 10.000 чорапи. Сега се враќаат со втора рунда и бараат повторна поддршка за својот производ Flyte Socks X: Bamboo Socks Re-Engineered. Кампањата на Kickstarter за овој втор дизајн заврши на 17 април кога собраа повеќе од 104.000 долари, иако првичната цел им била 10.000 долари.

Чорапите се направени од бамбус, материјал за чие производство е потребна една третина помалку вода отколку за памукот. Освен тоа, бамбусот брзо расте и има многу помалку штетно влијание врз околината зашто не се користат пестициди, хербициди или фингициди. Освен тоа, бамбусот е еден вид суперхрана во шумата затоа што апсорбира пет пати повеќе јаглерод диоксид и испушта 35% повеќе кислород отколку другите дрвја.

- Advertisement -

Освен тоа, чорапите се антибактериски, хипоалергенски и не дозволуваат создавање на непријатен мирис поради составот кој овозможува дишење на ногата. Мекиот материјал е засилен на прстите и на стапалото за да спречи кинење. Друга позитивна работа е тоа што креаторите тврдат дека овие чорапи нема шанси да се лизнат надолу по ногата како некои други. Може да се најдат во различни бои и дезени за сечиј вкус.

Сподели!
- Advertisement -