Дали македонскиот агро-сектор е подготвен да развива паметни села?

- Advertisement -

Дали македонскиот агро-сектор е подготвен да развива т.н. паметни села и да применува интелигентни софтверски решенија кои би ги намалиле трошоците и загубите, би го подобриле квалитетот на производството и би ја зголемиле конкурентноста, се двете прашања што ќе ги отвори Стопанската комора на Македонија на претстојната конференција за земјоделство и прехранбена индустрија што ќе се одржи на 16 мај во Скопје.

Според Комората, потенцијалите на земјоделството во земјава не се целосно искористени. Необработени стојат преку една третина од површините, а субвенциите не ги дадоа очекуваните резултати. Недостигаат и одржливи рурални заедници кои би го интезивирале пласманот на странските пазари.

- Advertisement -

-Нашето земјоделство е пред крстопат, на прагот на трансформација во модерно, но е соочено и со многу предизвици. Од една страна се светските движења и климатските промени, а од друга – конкурентноста и примената на новите, ИТ решенија, истакна Васко Ристовски од Комората.

Засега некои од комбинатите користат софтверски решенија за планирање на производството. Обично се тоа поголемите капацитети. Но, кај индивидуалните производители ИТ алатките се уште се новина, е се чувствува и отпор од нивно прифаќање. Предничат младите фармери кои се поинформирани, читаат и ги следат најновите светски достигнувања.

- Advertisement -

-Кога се работи за технологијата, тешко ги прифаќаме новитетите. Некој можеби мисли дека е проблем цената. Не, цената е повеќе од достапна, прилагодена за сите индивидуални фармери и изнесува 130-140 евра годишно. Ваквите паметни, ИТ решенија (кога да се сее, прска) може да се следат и на мобилен телефон ако некој евентуално дома нема компјутер, лап-топ, подвлече Ристовски.

 

- Advertisement -

На конференцијата на 16 мај покрај домашни, ќе присуствуваат и странски експерти. Отворени ќе бидат и прашања како земјоделското земјиште, продажбата на земјоделските производи, заштитата на нивното потекло, руралниот развој, катастарот, фитосанитарните мерки, органската храна.

Сподели!
- Advertisement -