До 2070 година Facebook ќе имa повеќе мртви отколку живи корисници

- Advertisement -

Британски социолози објавија дека најпознатата социјална мрежа денес, Facebook, до 2070 година ќе има повеќе мртви отколку живи корисници. Врз база на бројот на корисници на Facebook за 2018 година и демографските истражувања на Обдинетите нации, експерти од Оксфорд заклучија дека до крајот на ова столетие ќе умрат најмалку 1,4 милијарди корисници на социјалната мрежа.

Ако заедницата на Facebook продолжи да расте како досега, бројот на мртви корисници до крајот на овој век ќе достигне 4,9 милијарди, што е речиси двапати повеќе од бројот на постојните живи корисници – 2,37 милијарди.

- Advertisement -

Експертите предупредуваат дека порастот на бројот на мртви корисници повлекува некои битни прашања за нивното виртуелно наследство. Дејвид Вотсон, еден од авторите на истражувањето, вели дека може да се јави потреба податоците на Facebook да станат „историска архива на човечката култура“.

Сподели!
- Advertisement -