Акцелераторот УКИМ организира презентација во сабота во 13:30 часот во Техничкиот кампус на УКИМ по завршување на еднонеделниот настан “Booster week – Developing Entrepreneurship Together”
Акцелераторот УКИМ за прв пат е домаќин на група од шестмина професори и седумдесетина студенти од мастер програмата за бизнис и администрација од Универзитетот за применети науки и уметности од Луцерн во Швајцарија.
Програмата за стекнување на нови знаења преку размена на искуства за македонските стартапи и студентските тимови од Швајцарија, “Booster week – Developing Entrepreneurship Together”, ja организира Акцелераторот УКИМ во партнерство со Центарот за претприемништво и развој (ЦЕЕД Хаб Скопје), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот за применети науки и уметности oд Луцерн.
Во текот на оваа недела студентите од Швајцарија заедно со 13 македонски стартапи ги унапредуваа нивните бизнис модели и постоечките технолошки решенија.
Учесниците од Македонија се дел од првата предакцелераторската програма наменета за студентите на УКИМ и акцелераторската програма за стартапи при Акцелераторот УКИМ.
Целта на интерактивните работилници под менторство на гостите од Швајцарија е да се овозможи побрз пристап до глобалниот пазар за производите на македонските стартапи.