Француска фирма објави концепт за волшебна реставрација на Нотр Дам во Париз

- Advertisement -

По разорниот пожар кој уништи голем дел од француската катедрала Нотр Дам минатиот месец, локалната компанија Vincent Callebaut Architectures ја претстави својата визија за реставрацијата на овој културен споменик со главен фокус на одржливоста на новата градба

Концептот, кој засега е само тоа – концепт, се вика Palingenesis. Додека неоштетените делови од катедралата ќе изгледаат речиси исто, Callebaut има радикално нова замисла за горниот дел од градбата кој го оштети пожарот. Во предлогот се замислува нова кула и дрвена рамка направена од ламинирани греди со потпора од карбонски влакна. Новиот покрив би овозможил повеќе природна светлина да продира во катедралата, подобра вентилација и соларна технологија за енергија.

Покривот ќе биде направен од тридимензионално кристално стакло во форма на дијаманти. Тие кристали имаат органски активен слој направен од јаглерод, водород, азот и кислород, кој ја апсорбира светлината и ја трансформира во енергија. Таа енергија потоа ќе се складира во посебни ќелии и директно ќе биде редистрибуирана низ катедралата. Во концептот Palingenesis планирана е и градина, како и фарма со аквапоника и пермакултура. Според компанијата, таа фарма ќе произведува до 25 кг овошје и зеленчук на квадратен метар годишно, односно вкупно 21 тон овошје и зеленчук кои ќе им бидат поделени на најсиромашните жители на Париз.

- Advertisement -

Погледнете од галеријата каква е визијата за реставрацијата на Нотр Дам.

Сподели!
- Advertisement -