Докази за 6.700 такви „злонамерни профили“, кои објавуваат доволен број содржини за да стигнат до 241 милион корисници на социјалните мрежи биле откриени од истражувачите кои ја проучувале големината на заканата, пренесе Гардијан.

Студијата, спроведена во периодот од 1 до 10 март, покажала дека содржините не биле „за секоја намена“, туку локално креирани материјали кои биле специјално изработувани за секоја земја членка на Европската Унија.

- Advertisement -

Меѓу содржините имало вести посебно наменети да влијаат на дебатата околу тоа дали претставничкиот дом на Британија треба да го поддржи договорот за Брегзит на Тереза Меј, дискредитирање на идеите за иднината на Европа на францускиот претседател Емануел Макрон, како и содржини кои прават поделби околу имиграциските политики во Германија.

Дезинформациите биле пласирани преку автоматски ботови, програмирани да регистрираат специфични текстови, а понекогаш и од луѓе кои користеле софтвер преку кој комуницирале низ повеќе профили истовремено со што потенцијално се заобиколувале софтверите за детектирање на ботови.

- Advertisement -

Компанијата „Сејф Гард“, која го направила истражувањето, соопштила дека имаат база на податоци од повеќе од половина милион познати профили на тролови и ботови и дека се сигурни дека се поврзани со Русија, но Гардијан не можела независно да ја потврди оваа информација.