Светски економски форум: Европа од денес живее во еколошки долг

- Advertisement -

Според најновиот извештај на Светскиот економкси форум, „Ден на еколошкиот долг на ЕУ: Живот над границите на природата“, од денес, 10 мај, Европејците ќе живеат на еколошки долг. „Денес човештвото би ги исцрпело сите природни ресурси на Земјата доколку сите луѓе во светот би живееле како жителите на Европската унија“ се вели во соопштението по извештајот направен во соработка со Global Footprint Network.

Од Светскиот економски форум велат дека луѓето зависат од природата поради се што ни овозможува: храна, дрво, орбаботливи површини и површини за градење, а на крајот таа го апсорбира штетниот гас јагерод диоксид кој ние го испуштаме во атмосферата.

- Advertisement -

„Сепак, ако сите луѓе во светот имаат стил на живот како нас, уште утре би ги потрошиле сите природни ресурси кои Земјата може да ги обнови за една година. Тоа значи дека за жителите на ЕУ наместо една, би биле потребни 2,8 планети Земји за да ги задоволат нивните потреби“ се наведува во извештајот.

За потсетување, минатата година Светскиот ден на еколошкиот долг беше 1 август, а уште не е познато кога ќе биде годинава. Станува збор за денот кога сме ги искористиле сите природни ресурси кои нашата планета може да ги регенерира за една година. Остатокот од годината потоа користиме природен капитал кој не може да се обнови, а тоа пречекорување се вика еколошки долг, објаснуваат од Светскиот економски форум.

- Advertisement -

Последиците на тоа прекумерно користење се обесшумување, губење на биолошкиот диверизтет, нагло опаѓање на бројот на риби, недостиг од вода, ерозија на почвата, загадување на воздухот и посериозни климатски промени. Тоа предизвикува се повеќе екстремни временски непогоди како суша, поплави и пожари, кои, пак, доведуваат до бројни конфликти и ја зголемуваат глобалната нееднаквост.

 

Сподели!
- Advertisement -