(ФОТОГАЛЕРИЈА) Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија!

- Advertisement -

Инспирирани од приказната за луксузниот и независен стил, компанијата М Кар во  во својот продажен салон, во софистицирана елеганција, со престижна 7- степена гала вечера вчера ги промовираше трите водечки BMW модели од луксузниот сегмент. Првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe, ја доживеаа својата македонска премиера зрачејќи со чиста моќ, префинетост и авторитет.

Покрај промоцијата на авангардните автомобили, програмата вклучуваше кратка елегантна изведба на балетот “Лебедево езеро“ на Чајковски, како и рафиниран музички перформанс во духот на претставениот луксузен сегмент на брендот BMW.

- Advertisement -

Специјален гостин на настанот беше македонската музичка легедна, Влатко Стефановски, кој придонесе за неспоредлива енергија на настанот и со посебна стихотворна изведба – преработка на оргиналната реклама,  сликовито го претстави сосема новиот BMW 8 Coupe.

Трите претставени премиум автомобили ветуваат луксузно моторно но и духовно искуство и неверојатна слобода. Првиот BMW X7 не само што внесува нов член во семејството X, туку и дефинира прогресивен пристап кон луксузот за BMW брендот. Со израз на уникатност, премиерниот BMW X7 е првиот автомобил кој ја спојува ексклузивноста на луксузен модел со големината и пространоста, при тоа пропратени со агилни и многубројни возни перформанси, типични за еден SAV модел. И покрај величествениот изглед, првиот BMW X7 остава впечаток на леснина и агилност благодарение на пуристичкиот дизајн и атлетскиот стил. Тој е прв автомобил кој нуди 22 инчни бандажи и седум првокласни седишта за удобно возење – неспоредлив комфор што се протега дури до третиот ред седишта. Автомобилот има импресивен дизан и најголема бубрежна решетка во историјата на BMW. BMW Individual опциите за опрема го издигнуваат BMW X7 до посебно ниво на ексклузивност. Во внатрешноста, спојот на висококвалитетни декоративни елементи: crafted clarity апликации од стакло, рачно доработени уметнички дела од кристално стакло за менувачот и други контроли, висока-квалитетната мерино кожа, амбиенталното светло, Sky Lounge и панорамскиот стаклен покрив се само дел од карактеристиките создаваат неверојатна атмосфера и искуство при возењето.

- Advertisement -

Новиот BMW 7 се карактеризира со уште помускулесто присуство и попрецизна елеганција. Новиот дизајн на внатрешноста на луксузната лимузина го прикажува својот престиж и статус поживописно од кога било. За доминантниот и силен изглед е заслужна и бубрежната решетка, чија површина е зголемена за околу 40 проценти. Самата маска создава нова стилска нишка на карактерот на моделите на BMW од луксузната класа. Внатрешноста е раскошна со површини обложени со шнирана Nappa кожа, со проширена и подобрена звучна изолација. Новите системи како BMW Operating System 7.0 и BMW Intelligent Personal Assistant во комбинација со дигиталната инструмент табла и контролниот екран поставуваат нови стандарди за удобно возењe. Покрај маската, опсежното освежување на дизајнот на предниот крај – што сега се подига 50 мм повисоко, има особено истакната улога во давањето посилен визуелен впечаток на новиот BMW 7. Моделот повторно ќе се нуди во две варијанти на каросерија, од кои подолгата варијанта ќе нуди повеќе простор за патниците на задните седишта благодарејќи на дополнителните 14 см во растојанието меѓу оските.

Покрај луксузните BMW X7  и BMW 7, ѕвезда на вечерта беше сосема новиот BMW 8 Coupe – еден од најуникатните и најатрактивните автомобили на марката BMW.

- Advertisement -

BMW 8 Coupe е навистина страствен и моќен автомобил со фантастичен изглед, создаден за вистинско уживање на патот. Мобилно чувство на слобода во вистинска смисла на зборот. Овој модел има хармонична силуета, долга хауба и поголемо меѓуоскино растојание, кое гарантира дека автомобилот ќе биде удобен при долги патувања, а од друга страна ќе совладува одлични резултати на тркачките стази, со што ја заврстува својата позиција и во категоријата „Gentlemen’s recers“.

Втората генерација на овој модел е претставена по скоро 20 години, и ова е модел кој е вистински „brand shaper”, при што многу од неговите дизајнерски и технолошки иновации ќе бидат понатаму пренесени на остатокот од гамата.

Претставените модели се веќе во продажба. Понудата на мотор за новиот BMW 7 опфаќа бензински и дизел мотори со шест, осум и дванаесет цилиндри, како и сосема нов хибриден погонски систем. Кај новиот BMW X7 ќе бидат достапни BMW X7 xDrive40i, BMW X7 xDrive30d, BMW X7 M50d.

BMW 8 Coupe доаѓа со две агрегатни опции: 840xd koj има познат  6-цилиндричен BMW дизел мотор и е единствен дизел во класата со моќност од 320 КС и забрзување од 4,9 с до 100 км / ч, а 850xi има нов V8 twin бензински мотор со 530 КС и забрзување од 3,7 с до 100 км / ч.

Сподели!
- Advertisement -