Даталаб и МАСИТ организираат Pantheon конференција во вторник во Скопје

- Advertisement -

Компанијата „Даталаб“ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ организираат PANTHEON конференција на тема „Дигитализација 2019, која ќе се одржи на 14 мај 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во хотел Мериот, Скопје.

Целта на конференцијата е да се истакнат актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON.

- Advertisement -

Реномирани експерти од областа ќе дискутираат на следниве теми: состојбата со дигиталната трансформација во Македонија, факторите за подигање на свесноста за дигитализацијата во различни индустрии, начините како ИКТ компаниите можат да помогнат во процесот на дигитализација, улогата на државата за стимулирање на економијата во областа на дигитализацијата, како и за дигитализацијата со PANTHEON денес и визијата за иднината.

Дел од учениците на PANTHEON конференцијата ќе бидат: Дамјан МанчевскиМинистер за информатичко општество и администрација, Mорено Родмангенерален менаџер на Даталаб Технологија, Анета Антова Пешевапретседател на Управен одбор на МАСИТ, Дарјан Раденковиќдиректор за маркетинг, Браинстер, д-р Мијалче Сантадоцент на Економски факултет, УКИМ и Анита Никоваизвршен директор на МАСИТ.

- Advertisement -

Целосната програма на конференцијата можете да ја погледнете на следниот линк https://www.datalab.com.mk/pantheon-konferencija-2019/programa/ .

Пријавувањето за учество на конференцијата (https://www.datalab.com.mk/pantheon-konferencija-2019 ) е бесплатно до 10.05.2019.

- Advertisement -

Даталаб e компанија која се занимава со развој на ЕРП деловното решение PANTHEON, како и со обука и поддршка на корисниците на истото. Составена е од тим на стручњаци од различни области со големо знаење и искуство во решавање на прашањата и проблемите, кои настануваат при употребата на модерната технологија и софтверските решениа. Од 2004 година компанијата на корпоративно ниво почна да организира PANTHEON конференции, кои досега ги имаат посетено повеќе од 5000 учесници во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето. Комората ги претставува компаниите кои работат со широк спектар на ИКТ производи и услуги во Македонија и од своето основање во 2000 година, како непрофитна и волонтерска институција, на своите компании членки им овозможува пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво, се со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата.

Сподели!
- Advertisement -