ВИДЕО: Додека го возите овој автомобил ќе согорите исто калории како да сте возеле велосипед

- Advertisement -

Запознајте го автомобилот наречен FitCar PPV, односно автомобил кој се вози со помош на педали како велосипед. Изумот е дело на иноваторот Насер ал Шаваф од Саудиска Арабија во соработка со холандската инженерска компанија ВРО.

Во автомобилот каде што треба да има педали за гас и кочница има педали од велосипед. Со нив го контролирате забрзувањето на автомобилот на ист начин како кај велосипедот, а веднаш до воланот има рачна кочница. Може дури и да се контролира нивото на отпор на педалите за да потрошите уште повеќе калории.

- Advertisement -

FitCar PPV има три брзини на возење: брзо возење за по автопати, бавно возење за бавен сообраќај и „возење без возење“ за собраќаен метеж. Како што велат од холандската компанија, со овој автомобил може да се потрошат 300 калории за само половина час.

FitCar PPV е интернационално патентиран и се чека одобрение за да може да се користи по патиштата во Европа.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -