Хрватскиот град Сисак ќе основа центар за вселенска и иновативна технологија

- Advertisement -

Сисачко-молавачката жушанија наскоро би можела да се пофали дека е најинвентивна жупанија во Хрватска. По основањето на Развојната агенција и стартувањето на инкубаторот PISMO, кој неодамна стана и дигитален иновациски центар, на жителите на Сисак ни небото не им е граница. Имено, на седница на жупаниското собрание, која треба да се одржи на 16 мај, планирано е основање на Центар за вселенска и иновативна технологија.

Центарот, кој би бил сместен во Сисак, треба да понуди стручна помош за спроведување активности врзани за вселенска и иновативна технологија, да развива нови иновативни производи за вселенската индустрија, да поддржува иновативни проекти на ученици и студенти од Сисачко-мославачката жушпанија, но и да биде поддршка за европската вселенска индустрија во соработка со различни институции и агенции.

- Advertisement -

Во план е центарот да се финансира со средства од ЕУ, но и од државниот, односно од жупанискиот буџет, како и преку поддршка од спонзори и донации. Според предлогот, Центарот би бил непрофитабилен, односно каква било остварена добивка би се употребувала исклучиво за развој на дејноста.

Како што велат тамошните власти, целта на центарот е да се поттикне развојот и поврзувањето на економскиот и научно-стручниот сектор.Дека се сериозни во остварувањето на овој план говори и фактор дека веќе потпишале неколку договори за соработка на проектот за Центарот. Така, договорена е соработка со Металуршкиот факултет на Универзитетот во Загреб, кој треба да обезбеди стручна, просторна и техничка помош за Центарот. Истовремено, Техничката школа во Сисак ќе обезбеди простор за работа на Центарот во своите простории.

Сподели!
- Advertisement -