Презентација на препораките од студиите на одржливост во рамките на проектот „Начини на јакнење на иновацискиот екосистем“

- Advertisement -

Фонд за иновации и технолошки развој, во соработка со Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, Ве кани на презентација на препораките од студиите на одржливост во рамките на проектот „Начини на јакнење на иновацискиот екосистем“, финансиран преку претпристапните фондови на Европската Унија, на 14.05.2019, во 10 часот во Парк Хотел&Спа во Скопје. 

Целта на проектот е да се скенира моменталната состојба на мерки и институции кои нудат поддршка за иновации и развој како и да се дефинираат идни мерки за поттикнување на соработката меѓу академската заедница и бизнисот. Меѓу другото се препорачува и потенцијално ребрендирање и репозиционирање на ФИТР како и развој на нови инструменти за академски истражувања со комерцијални цели.

Сподели!
- Advertisement -