Во Загреб претставена 3Д печатена храна

- Advertisement -

3Д иднината веќе пристигна во Хрватска. Во Загреб во петокот навечер се готвеше храна која настанала со помош на 3Д печатење. За изработка на оваа храна се заслужни две холандски дизајнерки, а целта им е да го намалат фрлањето храна и максимално да ги искористат сите остатоци.

Иако моментално се произведени само неколку рецепти со леб или ориз, непрекинато се работи на производство на нови. 3Д печатењето храна се одржува во склоп на дизајнерскиот фестивал Zagreb Design Week, кој се одржува на 17 локации, а учествуваат повеќе од 400 излагачи од целиот свет.

- Advertisement -

Zagreb Design Week се одржува до крајот на неделата на повеќе локации, а главниот настан е токму во Техничкиот музеј. Меѓу храната која била претставена биле кекси со вкус на ванила и чоколада, кои биле изедени по само 10 минути откако биле испечатени, што е доказ дека несомнено биле многу вкусни.

Специфично за 3Д печатената храна е кревката структура, затоа што хранат се печати во слоеви. Иако за нас печатењето храна делува уште непоимливо и далечно, индустријата за 3Д печатење храна постои и се развива многу брзо. Во не толку далечната иднина печатачи за храна веројатно ќе има во секое домаќинство и секој ќе може во секој момент да си испечати тоа што ќе му се пријаде.

Сподели!
- Advertisement -