Брук Савард, авторка на еден од најпопуларните блогови за патувања во светот, е новиот говорник на Spark.me 2019

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај и по прв пат се организира во Аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, го најави новиот говорник на Spark.me конференцијата – Брук Савард (Brooke Saward). Савард е основач и уредник на еден од нјапопуларните блогови за патувања во светот – World of Wonderlust, со помош на кој изгради публика која на онлајн каналите брои повеќе од 1,2 милиони луѓе.

Савард својот блог за патувања го стартуваше во 2012 година, кога се одлучила да купи билет во еден правец за Европа и да се посвети на остварувањето на својот сон – да го обиколи светот. Денес World of Wonderlust е еден од најпопуларните блогови за патувања, познат по корисните совети за патувања, индпиративни фотографии и приказни за малку познати дестинации. Савард, исто така, е авторка на книгата  World of Wonderlust, која е колаж од најдоброто што може да го понуди нејзиниот блог.

- Advertisement -

Како некој кој последните седум години ги поминал патувајќи сам и кој притоа поминал повеќе од 89 земји, нејзините авантури се објавувани во познати списанија како што се Elle, Cosmopolitan, Luxury World Traveler и многу други. Савард особено сака да пишува за се уште неоткриените земји чија економија зависи од туризмот со надеж дека така ќе го даде својот придонес. Ја привлекуваат луксузни патувања, авантури и еко туризмот. По неколку години патување, Савард одлучила да ги искористи интересните бизнис идеи кои ги видела на своите патувања, што ја навело да стартува три успешни бизниси во својата татковина – Австралија.

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на шест годинашни говорници – тоа се Ендрју Кин (автор на бестселерот „Култ на аматери – како Интернетот ја убива културата“ и еден од најпопуларните и најконтроверзните коментатори на дигиталната револуција во светот); Анаб Џејн (TED говорник, дизајнерка, филмска продуцентка и соосновач на Superflux, светски призната компанија која со иновации од областа на дизајнот и технологијата се обидува да ни го приближи светот на иднината); Џеремаја Овијанг (соосновач на Kaleido Insights и светски авторитет за развој на програми кои ја поттикнуваат иновативноста кај кропорациите); Кејт Мурден (основач на PUSH, консултантска куќа чија пракса се базира на истражување на човечкото однесување); Том Гудвин (потпретседател и директор на иновации во Zenith Media, една од најголемите медиумски агенции во светот) и Питер Шенкмен (автор на пет бизнис бестселери, експерт на полето корисничко искуство и сериски претприемач). Во наредниот период ќе бидат објавени имињата на останатите говорници на конференцијата.

- Advertisement -

Билетите за конференцијата Spark.me 2019 може да се купат на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me. Цената на билетите изнесува 300 евра, но заинтересираните можат да купат билет по промотивна цена од 250 евра до 14 мај. Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понуда се и студентски билети, кои се наменети за средношколци и студенти на редовни, последипломски или докторски студии кои се помлади од 27 години, чија цена изнесува само 50 евра. Во цената на билетите е вклучен пристап до сите предавања (25-26 мај), стартап натпревари (25-26 мај), ручек на база шведска маса за двата дена од конферецнијата, освежување за време на сите кафе паузи во текот на двата дена од конференцијата, како и коктел прием на 25 мај. Во цената не се вклучени трошоците за превоз и за сместување. Купените билети може да се пренесат на друго лице (“name change”), но платениот износ не може да се рефундира.

Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, се организира во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, кој е еден од најголемите аудиториуми во Црна Гора. Ова е прв пат Spark.me да се одржува во Порто Монтенегро, срцето на наутичкиот туризам во Црна Гора и една од најексклузивните марини на јадранското приморје. Организатор на Spark.me e компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годипно. Spark.me им нуди прилика на учесниците за актуелните трендови на полето на маркетингот, технологијата и бизнисот учат од светски познати експерти и да остварат контакт со повеќе од 580 учесници од 28 држави од светот, меѓу кои има и лидери од бизнис светот, од светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење. 

- Advertisement -

За повеќе информации за Spark.me 2019 посетете го официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme, Twitter профилот www.twitter.com/sparkdotme и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -