Железницата е доста популарен начин на превоз во Јапонија, чии градови се поврзани со возови-куршуми или т.н. „шикансен“ возови, со брзина која достигнува 300 км/ч. Иако тоа е огромна брзина, тие возови се уште може да се унапредуваат. Затоа јапонската железничка компанија JR East почна со тестирање на својот најбрз воз досега ALFA-X, чија брзина може да достигне дури 400 км/ч, но кога ќе влезе во комерцијална употреба таа ќе биде ограничена на само 360 км/ч.
Моментално со таква брзина тоа ќе биде еден од најбрзите возови во светот, но ќе помине подолго време пред ALFA-X да почне да вози во Јапонија, а тоа се очекува да се случи дури во 2030 година. Како и останатите „шинкансен“ возови, и новиот модел ќе биде карактеристичен по тоа што ќе има голем „нос, кој ќе изнесува дури 22 метри, а благодарение на тавкиот ародинамичен дизајн се намалува притисокот и бучавата во текот на возењето и при поминувањето низ тунели.
Возот ќе се состои од десет вагони, а во текот на наредните три години ќе се тестира само ноќе на релација меѓу Сендаи и Аомори, градови оддалечени 280 км.