Во четврток, 16ти мај 2019 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, ќе одржи форум на тема: „МЕХАНИЗМИ ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА, ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ“
Регистрацијата на учесници ќе се одвива помеѓу 10:30-11:00 часот во хотел Александар Палас, Скопје, а настанот официјално ќе биде отворен во 11:00 часот.
На Форумот предвидени се официјални обраќања на Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Љубомир Димовски, директор на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.
Потоа ќе следи панел дискусија со Сања Лукаревска, директор на Управа за јавни приходи,Горан Велески, Министерство за труд и социјална политика, Габриела Кулебанова, потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, Стојко Пауновски, директор на Државен пазарен инспекторат, Аљајдин Хавзиу директор на Државен инспекторат за труд,Ардита Секнај, меѓународен експерт од областа, со цел да се претстават предизвиците на компаниите во секојдневното работење во борбата со сивата економија. Низ процес на јавно приватен дијалог ќе се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат стратешка акција за сузбивање на неформалната економија.