„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ в сабота премиерно во Штип

- Advertisement -

Филмот на Теона Стругар Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ в сабота ќе има две проекции во Домот на култура во Штип, од 18 и 20 часот.

Овој филм беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал.

- Advertisement -

Доби две престижни награди на Ecumenical Award и Guild Film Prize. Првата награда, Ecumenical Award се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Guild Film Prize, пак, ја доделуваат членови на жири комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.

Во „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се појавуваат и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски.

Сподели!
- Advertisement -