Овој модуларен дом можете да го носите со себе каде и да одите

- Advertisement -

 

Ова е Coodo, работен простор или простор за живеење со навистина современ дизајн. Најневеројатно кај овој простор е тоа што може да се  инсталира на речиси секаква локација, било да е тоа крај плажа или на врв на планина.

- Advertisement -

Coodo има вграден паметен систем за домување преку кој може да се контролира се  – од ролетните на прозорците до светлата во домот или кујнските апарати и сето тоа преку смартфон. Модуларниот дизајн овозможува големината на домот да се прилагодува, односно да се проширува или намалува во зависност од потребите.

Тоа може да се направи со поврзување една или повеќе единици на моменталниот Coodo што го користите. На овој начин можете да си го дозволите задоволството за живеете на секоја од вашите омилени локации и да се дислоцирате кога и да посакате, притоа без воопшто да го смените домот кој си го сакате и во кој живеете.

- Advertisement -

Овие модуларни домови можете да ги проширувате, да ги преместувате, да ги изнајмувате, да тргувате со нив – Coodo ви нуди неограничени можности.

Ova

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -