Државата ќе им помогне на телеком операторите околу укинување на роамингот

- Advertisement -

Укинувањето на роамингот на Балканот ќе донесе поевтини сметки за граѓаните, но ќе ги намали приходите на телеком-операторите.

„Укинување на роамингот за земјите од Западен Балкан ќе биде негативен удар за нашите приходи и за индустријата воопшто. Затоа очекуваме Владата да ни излезе во пресрет и делумно да компензираме  некои фискални и парафискални давачки кои во моментот ги имаме. Со тоа ќе ослободиме простор за идни инвестиции во развој на телекомуникациските услуги. Засега има подготвеност за дијалог и за соработка со Владата на оваа тема“, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип на економскиот форум кој денеска се одржа во Виена.

- Advertisement -

На оваa тема вицепремиерот Кочо Анѓушев нагласи:  “Секако ќе ги разгледаме сите барања со цел граѓаните да имаат поевтин роаминг. Ние не сме членка на ЕУ, но ги правиме сите напори да имаме пониска стапка на роаминг и пониски цени во роаминг и ќе ги направиме сите можни чекори во делот на барањата и олеснувањата кон операторите со цел граѓаните да добијат поевтини сервиси“.

На прашањето како и колку бргу ќе се имплементира ова во системот на институциите Анѓушев рече: “Правам се што е во моја моќ во институциите да наметнам принцип на работа како во приватна фирма“.

- Advertisement -

Томас Арнолднер, главен извршен директор на А1 Телеком групацијата потенцираше дека процесот на ребрендирање во Македонија е во тек и ќе заврши до крајот на годината, но поважно е што Вип  се наметнува како оператор кој во исто време нуди фиксна и мобилна телефонија и услуги во делот на забавата.

Сподели!
- Advertisement -