Започна Виена Економскиот Форум! Силна поддршка за Македонија

- Advertisement -

Денеска во Виена се одржува Виенскиот економски форум „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија” на кој учествува владина и бизнис делегација предводена од премиерот Зоран Заев.

На Форумот се обрати еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан кој даде силна порака за присутните бизнис претставници од 21 земја дека Македонија е вистинско место за инвестирање:

- Advertisement -

Уверен сум дека пред лето Македонија ќе добие препорака за почеток на преговори со Европската Унија, а до крајот на оваа година ќе ги отвориме првите поглавја, 23 и 25 посветени на владеење на правото. Ова треба да биде силен сигнал за инвеститорите. Северна Македонија е земја со образована работна сила, добри услови за бизнис и партнер на  кој може да му се верува“.

- Advertisement -

 

„Нашата земја е како бел неиспишан лист и е вистинско место за инвеститорите. Имаме одличен микс на добро услови за влез на странски инвеститори и поддршка на нивните активности“, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев. кој детално ги презентираше програмите за поддршка на странските инвеститори во земјата.

- Advertisement -
Делегацијата, во која учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на формумот, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Северна Македонија, ќе остварат и средби со претставници на реномирани австриски компании.

Во Виена, предвидена е средба на премиерот Заев со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

Сподели!
- Advertisement -