После 130 години, од денес мерката килограм повеќе нема да биде иста

- Advertisement -

Последните 130 години килограмот како единица мерка е дефиниран со физички цилиндар направен од легура на платина и иридиум, кој се чува во Меѓнародното биро за тегови и мерки во Франција. Мешутоа, секој пат кога научниците го земаат тој цилиндар во рака, тој губи атоми, па се проценува дека сега е за 50 микрограми полесен отколку кога бил направен.

Поради тоа, научната заедница едногласно ја усвои новата дефиниција за килограм, која стапува на сила денес, 20 мај. Од денес килограмот официјално ќе се мери како физичка константа наречена Планкова константа. Таа константа го изравува односот во квантната физика меѓу енергијата и зачестеноста на честичките.

- Advertisement -

Новата дефиниција е добиена со помош на уред кој се вика Киблов механизам, кој со помош на Планковата константа ја одредува масата на предметите со употреба на прецизно измерени електромагнетни сили. Оваа одлука има историско значење за научната заедница, но во пракса во секојдневната примена нема да бидат направени измени.

Сподели!
- Advertisement -