Во организација на Виенскиот економски форум во главниот град на Австрија заврши форумот за новите перспективи на нашата земја во пресрет на очекување на добивање датум за преговори со Европската унија и ратификација на договорот за членство во НАТО.
Политичката порака е значајна основа за економски чекори, бидејќи без политичка поддршка невозможен е економски прогрес, е пораката од Форумот во Виена, на кој беа присутни прреетставници од 20тина земјии и претставници на повеќе важни институции.
Премиерот на Владата Зоран Заев посочени дека Северна Македонија има потенцијал за нови вложувања, со порака до австриските компании да инвестираат во нашата земја, која нема отворени билатерални прашања со соседите.
Заменик претседателот на Владата Кочо Анѓушев пред присутните претставници од политичкиот и економскиот сектор порача дека сега е вистинско време да се инвестира во Македонија бидејќи земјата има стабилна политика, поддршка на бизнисот, стабилен деловен амбиент.
Анѓушев посочи дека за земјата од исклучително значење се инфраструктурните вложувања ставајќи акцент на изградба на железницата долж коридорот 8.
Економските релации со Австрија
Австрија е значаен инвеститор не само во Македонија туку и во регионот на Западен Балкан. Повеќе австриски компании се присутни во Македонија, во електроенергетскиот сектор („ЕВН Македонија“), банкарскиот и финансискиот сектор (Шпаркасе банка), телекомуникацискиот сектор („ВИП“, „Телеком“), градежништвото („Соравија Груп“), во осигурителниот бизнис итн.
Обемот на трговска размена за 2018 година меѓи Македонија и Австрија е 320,9 милиони долари, со зголемување од 56,3% споредено со 2017 година. Извозот има зголемување од 133%, додека увозното салдо зголемување од 15,4%. Во 2018 година евидентиран е позитивен биланс во трговската размена од 11,23 милиони долари. Австрија минатата година е 13-ти трговски партнер на Македонија.
Министерот за финансии Драган Тевдовски информираше за можностите за инвестирање од економски аспект и за рејтингот на државата како дестинација за инвестирање.
Министерот за образование Адеми стави акцент на реформите кои се планираат во насока на воведување на дуално образование во средните технички училишта.
Виена економски форум два пати во годината организира настани на кои се става акцент на регионот на Западен Балкан. Овој форум е со акцент исклучиво на перспективите на нашата земја.
Форумот се одржува во седиштето на А1 Телеком Австрија, компанија која следејќи ги последните текови на развој на технологијата има за цел да стане дигитален провајдер на европскиот пазар.