Ларс Силбeрбауер, потпретседател на VIACOM DIGITAL STUDIOS, е новиот говорник на Spark.me 2019

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај и по прв пат се организира во Аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, го најави новиот говорник на Spark.me конференцијата – Ларс Силбербауер (Lars Silberbauer). Силбербауер е потпретседател на Viacom Digital Studios, одделението на Viacom кое е задолжено за креирање и дистрибуција на дигитални содржини за некои од глобалните лидери во иднустријата за забава како што се MTV, Nickelodeon i Comedy Central.

Силбербауер претходно работел како директор на социјални мрежи и видеосодржини за глобалниот пазар во корпорацијата LEGO, каде што бил задолжен за креирање одигинални стратегии за настап на компаниите на социјалните мрежи. Во моментот кога Силбербауер се приклучил на компанијата LEGO немал ни официјална Facebook страница, додека во 2015 година реномираното светско списание AdWeek го прогласил LEGO како најдобро пласиран бренд на социјалните мрежи и YouTube платформата во категоријата производство на играчки. Додека работел за компанијата LEGO, Силбебауер водел тимови во САД, Данска, Кина и во Сингапур.

- Advertisement -

Силбебауер е прогласен за еден од 25 најиновативни и највлијателни маркетинг професионалци во Европа од страна на Holmes Report, еден од водечките професионални извори од полето управување со односи со јавноста. Во слободно време се појавува на позиција советик за стартапи. Силбербауер исто така е член на Одборот на директори на #iamtheCODE, организација која има за цел да ги охрабри и да им помогне на жените од социјално загрозени семејства од Африка и од Азија да станат дигитали лидери.

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на следните годинашни говорници – тоа се Ендрју Кин (автор на бестселерот „Култ на аматери – како Интернетот ја убива културата“ и еден од најпопуларните и најконтроверзните коментатори на дигиталната револуција во светот); Анаб Џејн (TED говорник, дизајнерка, филмска продуцентка и соосновач на Superflux, светски призната компанија која со иновации од областа на дизајнот и технологијата се обидува да ни го приближи светот на иднината); Џеремаја Овијанг (соосновач на Kaleido Insights и светски авторитет за развој на програми кои ја поттикнуваат иновативноста кај кропорациите); Кејт Мурден (основач на PUSH, консултантска куќа чија пракса се базира на истражување на човечкото однесување); Брајан Фанцо (основач на компанијата iSocialFanz, каде што работи на развој и имплементација на иновативни дигитални стратегии за компании како што се Dell, EMC, Adobe, IBM, UFC, Applebees и SAP); Том Гудвин (потпретседател и директор на иновации во Zenith Media, една од најголемите медиумски агенции во светот) и Питер Шенкмен (автор на пет бизнис бестселери, експерт на полето корисничко искуство и сериски претприемач). Во наредниот период ќе бидат објавени имињата на останатите говорници на конференцијата.

- Advertisement -

Билетите за конференцијата Spark.me 2019 може да се купат на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me по цена од 300 евра. Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понуда се и студентски билети, кои се наменети за средношколци и студенти на редовни, последипломски или докторски студии кои се помлади од 27 години, чија цена изнесува само 50 евра. Во цената на билетите е вклучен пристап до сите предавања (25-26 мај), стартап натпревари (25-26 мај), ручек на база шведска маса за двата дена од конферецнијата, освежување за време на сите кафе паузи во текот на двата дена од конференцијата, како и коктел прием на 25 мај. Во цената не се вклучени трошоците за превоз и за сместување. Купените билети може да се пренесат на друго лице (“name change”), но платениот износ не може да се рефундира.

Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, се организира во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, кој е еден од најголемите аудиториуми во Црна Гора. Ова е прв пат Spark.me да се одржува во Порто Монтенегро, срцето на наутичкиот туризам во Црна Гора и една од најексклузивните марини на јадранското приморје. Организатор на Spark.me e компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годипно. Spark.me им нуди прилика на учесниците за актуелните трендови на полето на маркетингот, технологијата и бизнисот учат од светски познати експерти и да остварат контакт со повеќе од 580 учесници од 28 држави од светот, меѓу кои има и лидери од бизнис светот, од светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење. 

- Advertisement -

За повеќе информации за Spark.me 2019 посетете го официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme, Twitter профилот www.twitter.com/sparkdotme и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -