Мексикански дизајнери направија приколка од пердуви од кокошки

- Advertisement -

Дизајнери од Ново Мексико претставија приколка во форма на солза која е направена од ултралесни композитни материјали добиени од пердуви од кокошки. Приколката е дизајнирана да врши минимален притисок врз моторот на возилото и да не го опотоварува вашиот паричник, а го носи името T250LX.

Приколката тежи само 135 килограми и може да ја влечат и енергетски ефикасни возила како што се електричните автомобили. Секоја приколка е направена така за истовремено да биде лесна за влечење и екстремно цврста за да издржи товар.

- Advertisement -

Според креаторот и уметник Ирланд, материјалот направен од пердуви од кокошки, кој обезбедува изолација и заштита од временските услови, има слична цврстина на карбонските влакна во комбинација со смола.

Приколката може да собере четворица патници и всушност, претставува и шатор кој може да се адаптира во зависност од потребите на луѓето. На неа има прикачени платнени панели во форма на крила кои се отвораат на предниот и на задниот дел. T250LX чини 10.000 долари.

Сподели!
- Advertisement -