НАСА планира да ја испрати првата жена на Месечината до 2024 година

- Advertisement -

НАСА планира да ја испрати првата жена астронаут на Месечината до 2024 година благодарение на дополнителните приливи во буџетот кои ги одобри претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Само 12 луѓе досега оделе по Месечината. Сите биле мажи и сите биле Американци“ изјавија од НАСА и додадоа дека последниот човек згазнал на Месечината во 1972 година.

- Advertisement -

Оттаму наведоа дека ниедна жена никогаш не одела по Месечината. Доналд Трамп денес објави дека ќе издвои дополнителни 1,6 милијарди долари во буџетот на НАСА за Маериканците да можат да се вратат во вселената.

„Под мое раководство ќе ја вратиме силата на НАСА и ќе се вратиме на Месечината“ објави Трамп.

- Advertisement -

Зголемувањето на буџетот на НАСА е само мал дел од вкупно 21 милијарди долари кои ги побараа од НАСА за да го забрзаат враќањето на Месечината. Како што велат од НАСА, оваа инвестиција ќе им помогне да напредуваат со развојот, истражувањата и дизајнот.

Сподели!
- Advertisement -