Невронаучници од Универзитетот на Торонто развија техника со која можат да ги реконструираат сликите од човечкиот мозок. Поточно, благодарение на мозочната активност и електроенцефалографија можат да визуелизираат она што го „гледа човекот во главата“.

Техниката ја разви Дан Немродов, дигитално ги реконструира сликите кои ги виделе луѓето, и тоа со помош на електроенцефалографија. „Кога нешто ќе видиме, нашиот мозок создава ментална слика од тој предмет. Успеавме да ја доловиме таа ментална слика со помош на електроенцефалографија за да го илустрираме тоа што се случува во мозокот во текот на целиот процес“ вели Немродов.

- Advertisement -

Во текот на истражувањето учесниците биле приклучени на електроенцефалограм, а на екранот им биле прикажувани разни лица. Им се бележела мозочната активност и се претворала во слики кои испитаниците ги гледаат во својата глава. Техниката користи алгоритми базирани на машинско учење.

Истражувачите откриле дека на мозокот му се доволни 170 милисекунди за да го запамети лицето кое го гледаме пред себе. Токму затоа оваа техника може да помогне во медицината, но и во други области од животот.

- Advertisement -

Би можела да овозможи подобра комуникација со луѓе кои не можат вербално да комуницираат затоа што може да го реконструира не само тоа што го гледа лицето туку и она на што се сеќава и за што размислува. Можеби оваа техника ќе има побитна примена во поцизиските истраги затоа што на полицијата ќе и овозможи конкретна слика на осомничените, а не вербален опис.