Консултанската компанија КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП специјализирана за деловно и корпоративно право со докажана ескпертиза од областа на правен и економски консалтинг, како акредитиран финансиски фасилитатор кој е дел од проектот на УСАИД за развој и заштита на деловниот еко систем успешно го заврши вториот јавен повик од Планот за економски раст на Владата (ПЕР), наменет за ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации, на Фонд за иновации и технолошки развој , досега со најголем интерес на компаниите.
Повикот беше наменет за сите микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ) со доминантна домашна сопственост кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес. Вкупен износ на средства на вториот јавен повик во рамките на ПЕР, беа 5 милиони ЕУР од кои 2 милиони обезбедува Светската банка.Вториот јавен повик беше отворен од (30.03.2019) до 15 мај 2019 година. Со овој повик, Владата обезбеди до 70% ко-финансирање за микро и мали односно до 60% за средни компании во максимален износ од 20 милиони денари.
„Задоволни сме што успеавме како консултанти да им ги доближиме информациите што е можно повеќе за сите видови на финансирање како и да ја разбудиме свеста на компаниите, а со тоа да ги поттикнеме и охрабриме да аплицираат.Најголем интерес повторно покажаа микро и малите компании и повторно најзастапени дејности беа производството, прехранбената и преработувачката индустрија, ИТ секторот и услужната дејност.
Како консултантска компанија успеавме навремено да ги завршиме сите пристигнати апликации од страна на нашите клиенти имајќи во предвид дека бројката беше голема и тоа не само од Скопје туку и од другите градови на наше големо задоволство.Како тим сме добро екипирани да можеме да ја оправдаме довербата на нашите клиенти“, вели Пенка Мукаетова, директор на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП.
Во текот на 2018 година како консултантска компанија направивме рализација на преку 10 милиони евра, финансиски средсва преку сите типови на финансирање кои што ги работиме, најголем интерес имаше во делот на ивестициките кредити, исто така интересот за јавните повици преку фондот за иновации и технолошки развој како и јавните повици преку ИПАРД 2 програмата за развој на руралните средини, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјодлеството и руралниот развој.
Со оглед на тоа дека постојат повеќе можности за финансирање кои што ги споменавме погоре можеме сигурно да чекориме напред и да имаме значително подобрување на економската состојба само ако овие средства кои им стојат на располагање наменски се искористат, како и компаниите да се охрабрат да прават што е можно повеќе проекти, кои ќе бидат конкуренти на пазарот, повеќе да размислуваат во насока на развивање на своите компании, а од друга страна финасиските инситуции да покажат поголема флексибилност во поглед на условите и начинот на добивање на средствата, како и времетраењето на самите постапки.
Сметаме дека потребна е поголема промоција на сите финансиски инструменти кои што се актуелни во моментот кај нас , како од страна на надлиежните институции така и од нашата страна како консултанти.