Запознајте го Blade, првиот 3Д печатен хиперавтомобил во светот

- Advertisement -

На прв поглед секој би се заљубил во Blade, елегантниот спортски автомобил со навистина аеродинамичен, заболен изглед. Но, ова не е обичен спортски автомобил. Blade  е дело на стартапот од Сан Франциско, Divergent Microfactories, а посебен е затоа што неговата шасија целосно е направена со 3Д печатење.

3Д печатењето го ревлуционизира производниот процес и ги прави мебелот, накитот, машините, па дури и автомобилите полесни, но без да се намали нивната издржливост. Не само што 3Д печатењето нуди нов, побрз и посигурен начин на производство, туку е и поевтино и поодржливо.

- Advertisement -

Во автомобилската индустрија одржливоста е аспект кој повеќе не смее да се игнорира, велат од Divergent. Mора да размислиме како произведуваме затоа што кога производството на автомобили ќе порасне  од 2 милијарди на 6 милијарди годишто, може да се доведеме во ситуација да ја уништиме планетата.

Стартапот со години работел на дизајнот на Blade. Шасијата на автомобилот е 3Д печатена со алуминиумски јазли, односно е направена од цевки од карбонски влакна кои се спојуваат на јазли за да фосмираат поцврста, а полесна рамка за колата. Автомобилот тежи само 635 килограми. Според компанијата, 3D печатењето ја напалува тежината на шасијата за речиси 90% споредено со конвенционалните возила.

- Advertisement -

Компанијата има направено само неколку модели, но се надева дека ќе почне соработка со други производители за да го зголеми производството.

Сподели!
- Advertisement -