Џејсон Милер, директор за бренд маркетинг за регионот ЕМЕА во Microsoft, е последниот говорник на Spark.me 2019

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај и по прв пат се организира во Аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват под генерално спонзорство на m:tel, го објави името на новиот говорник на конференцијата Spark.me 2019 – Џејсон Милер (Jason Miller), директор за бренд маркетинг за регионот ЕМЕА во компанијата Microsoft.

Улогата на Милер во Microsoft, покрај развојот на брендот на компанијата, подразбира и развој на пгорами засновани на најиновативните технолошки достигнувања како што е вештачката интелигенција, кои можат да се користат во служба на дигиталниот маркетинг. Претходно работел како директор за маркетинг содржини и настап на социјални мрежи во рамките на LinkedIn Sales и Marketing Solutions – одделот на LinkedIn која на корпоративните корисници им овозможува алатки за продажба и маркетинг. Милер оредава како професор по маркетинг стратегии на американскиот Универзитет Беркли и автор на бестселерот „Welcome to the Funnel: Proven Tactics to Turn Your Social Media and Content Marketing up to 11“. Бројните професионални достигнувања му донеле доминација во финалето за награда за најдобар маркетер на содржини во 2018 година, која ја доделува Content Marketing Institute (CMI), лидер во нудење програма за аедукација на полето на маркетинг содржините.

- Advertisement -

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на следните годинашни говорници – тоа се Ендрју Кин (автор на бестселерот „Култ на аматери – како Интернетот ја убива културата“ и еден од најпопуларните и најконтроверзните коментатори на дигиталната револуција во светот); Анаб Џејн (TED говорник, дизајнерка, филмска продуцентка и соосновач на Superflux, светски призната компанија која со иновации од областа на дизајнот и технологијата се обидува да ни го приближи светот на иднината); Џеремаја Овијанг (соосновач на Kaleido Insights и светски авторитет за развој на програми кои ја поттикнуваат иновативноста кај кропорациите); Кејт Мурден (основач на PUSH, консултантска куќа чија пракса се базира на истражување на човечкото однесување); Брајан Фанцо (основач на компанијата iSocialFanz, каде што работи на развој и имплементација на иновативни дигитални стратегии за компании како што се Dell, EMC, Adobe, IBM, UFC, Applebees и SAP);  Сем Кониф Аленде (повеќе пати наградуван претприемач кој основал 10 успешни компании заановани на принципите на социјално претприемништво и автор на бестселери); Том Гудвин (потпретседател и директор на иновации во Zenith Media, една од најголемите медиумски агенции во светот); Џулиус Дајн (еден од најпопуларните магионичари во светот кој за само три години успеал да изгради онлајн публика од над 20 милиони следбеници) и Питер Шенкмен (автор на пет бизнис бестселери, експерт на полето корисничко искуство и сериски претприемач)

Билетите за конференцијата Spark.me 2019 може да се купат на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me по цена од 300 евра. Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понуда се и студентски билети, кои се наменети за средношколци и студенти на редовни, последипломски или докторски студии кои се помлади од 27 години, чија цена изнесува само 50 евра. Во цената на билетите е вклучен пристап до сите предавања (25-26 мај), стартап натпревари (25-26 мај), ручек на база шведска маса за двата дена од конферецнијата, освежување за време на сите кафе паузи во текот на двата дена од конференцијата, како и коктел прием на 25 мај. Во цената не се вклучени трошоците за превоз и за сместување. Купените билети може да се пренесат на друго лице (“name change”), но платениот износ не може да се рефундира.

- Advertisement -

Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, се организира во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, кој е еден од најголемите аудиториуми во Црна Гора. Ова е прв пат Spark.me да се одржува во Порто Монтенегро, срцето на наутичкиот туризам во Црна Гора и една од најексклузивните марини на јадранското приморје. Организатор на Spark.me e компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годипно. Spark.me им нуди прилика на учесниците за актуелните трендови на полето на маркетингот, технологијата и бизнисот учат од светски познати експерти и да остварат контакт со повеќе од 580 учесници од 28 држави од светот, меѓу кои има и лидери од бизнис светот, од светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење. 

За повеќе информации за Spark.me 2019 посетете го официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme, Twitter профилот www.twitter.com/sparkdotme и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -